еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Силјановска Давкова: Се чудам на шокот на оние кои мислат дека играта е недолична за било која возраст, но повеќе им верувам на Ниче и Хавел

Се чудам на шокот на оние кои мислат дека играта е недолична за било која возраст, реагира професорката Гордана Силјановска Давкова, носител на изборна листа на опозицијата, на коментарите за видеото во кое таа играше твист.

„Јас повеќе му верувам на Ниче кој не може да го замисли светот без музика, а и на Вацлав Хавел, кој велеше дека џезот имал поголема улога во рушењето на комунизмот, од било кој протест. Дека е така, дека играта е синкретична уметност која не знае за граници, покажува и мој пример од образовниот живот.

Меѓу другото во академската кариера сум остварила безброј меѓународни посети каде Македонскиот народ не бил прочуен и признаен само по научните успеси. Напротив, исконската врска помеѓу нашиот народ и љубовта кон танцот е наше меѓународно обележје! Танцувај Македонијо! Со храбро срце и радосен поглед на животот да ја исправиме нашата татковина,“ порачува таа во видеото.

Танцувај Македонијо! Радувај се. Обновата доаѓа.

‘‘Без музика, животот би бил грешка‘‘ рекол големиот Фрихдрих Ниче, а јас живеам според мислава. Музиката и танцот се во моето срце, како и во срцата на сите Македонци за кои музиката и танцот се исконски значајни. Меѓу другото во академската кариера сум остварила безброј меѓународни посети каде Македонскиот народ не бил прочуен и признаен само по научните успеси. Напротив, исконската врска помеѓу нашиот народ и љубовта кон танцот е наше меѓународно обележје! Танцувај Македонијо! Со храбро срце и радосен поглед на животот да ја исправиме нашата татковина!#ИсправиСеМакедонијо#Заокружи14 #ТанцДоПобеда

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Понеделник, 06 јули 2020

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силјановска Давкова ја „затресе саботна треска“ па заигра твист: Треба да се најде време и за себе

Димитров лови риби, Силјановска Давкова му порача дека тоа не се прави во фармерки и бела кошула

(Видео) Царовска во кафеана станува да игра на „Муштулук“, а Манчевски на „Несаница“

Фото/видео: Фејсбук/Силјановска Давкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени седум лица за трагедијата кај Ласкарци: Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата

Редакција

Српски министер изјави дека признавањето на Косово од страна на Македонија ќе и се удри од глава, реагираа Ковачевски и Вучиќ

Редакција

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

Редакција