еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Симболична поворка за Вевчанскиот карневал: Без концерти за да се спречи масовно собирање

Со симболична поворка, без концерти и друга организација ќе се одржи годинашниот Вевчански карневал, најави градоначалникот Сашо Јанкоски.

Откажувањето на фестивалскиот дел, според него, е со цел да се спречи масовно собирање на луѓето поради ширење на пандемијата со Ковид-19, нагласувајќи дека Василичарските поворки ги организираат двете друштва, Горно и Долно маало.

„Општина Вевчани се откажува од организирање концертите на 12 и 13 јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19.

Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага Свети Василија. Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право, но и обврска“, изјави Јанкоски.

Тој нагласи дека Општината нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на Василичарските друштва, апелирајќи да нема групно собирање и посети на домовите, како и запазување на мерките за заштита од Ковид-19.

Вевчанскиот карневал е со традиција од околу 15 века. Карактеристичен е по тоа што вевчанци преку целата година ги подготвуваат маските, кои го отсликуваат секојдневното живеење, со посебен акцент на политичката сцена, како во земјава, така и во светот.

Покрај карневалското дефиле, изминатите години се организираа концерти со познати музички имиња, изложби и други културни настани, со цел поголема посетеност на настанот. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешен директорот на „Комунална хигиена“- Скопје, чиј брат пукаше во демонстрантите

Редакција

Притворот за Јанакиески за кој државата ќе плати оштета, бил оправдан, имало пропусти во жалбената постапка, велат од Кривичен

Редакција

ТАВ Македонија потврди дека „easyJet“ влегува на македонскиот пазар со авиолинија од Женева до Скопје

Редакција