еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Синдикалната минимална кошничка во септември 33.621 денари

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за септември 2020 година изнесува 33.621 денари.

Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.064,5 денари, на домување 1.788,99, на хигиена 23.79,82, на превоз 2.466,69, на облека и обувки 2 138,02, на култура 1 066,79, додека на одржување на здравје 716,20 денари.

Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во јули годинава била 27.231 денари, додека бруто платата изнесувала 40.640 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка беше 33 265,08 денари.

Висината на просечната бруто и нето плата за август и септември се уште не е објавена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување на сметките од 600 до 800 денари: Кои граѓани ќе добијат парична помош поради поскапување на струјата

Редакција

Стечајните работници кои ги исполнуваат условите од новиот Закон за стечајци, во рок од 30 дена да се пријават во Агенцијата за вработување

Редакција

Поради пандемијата со Ковид-19, пад на продажбата на нови возила за 33%

Редакција