еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кои производи се опфатени со домашната платежна картичка

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на Ковид-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15 на 20 проценти.

За да се информира јавноста што сè спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.

Документот, како што соопшти Министерството, е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП.

„За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун“, се вели во соопштението.

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, посочуваат од МФ, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на земјава.

Прирачникот ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка вработува секретар и помлад сметководител, плата до 38.641 денар

Редакција

Преполовен прометот на Македонската берза во октомври

Редакција

Министерот Сали ќе формира нова Комисија за заразни болести, ги повика докторите Даниловски, Пановски и Марковски да станат членови

Редакција