Во Македонија според последните податоци, објавени вчера, има регистрирано 354 случаи на заболени со коронавирусот.
“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 40-49 и над 60 години (7), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 10 женски и 15 машки лица.
Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 5 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.
Кај седум лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Вкупно 10 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 2 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).
Тестирани се вкупно 257 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 25 или 9,7% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заболени здравствени лица со коронавирусот во Македонија порасна на 38
(Мапа) Во кои скопски општини има најмногу заболени со коронавирусот
Фото: Општина Кочани