Владата денеска соопшти дека се враќа полицискиот час во земјава за продолжениот викенд, како и дека во карантин од четврток навечер до понеделник наутро ќе бидат Скопје, Куманово, Штип, Тетово и уште неколку помали општини.
Оттаму информираат дека отстапките од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење, аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.
Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15.30 и 20:00 до 20:30 часот.
Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…
Влада: Забрана за посета на гробишта освен за погреби во цела држава
Починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 145
Фото: МВР