Приходите што заедно ги оствариле терестријалните телевизии на државно ниво – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алфа и ТВ Алсат М минатата година изнесувале 1.120,49 милиони денари, стои во најновата анализа на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На што најмногу трошеле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М
По колку вработени имаат и колку трошат на плати Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М
Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М
“Прв пат после три години, овие телевизии ги зголемиле вкупните приходи, и тоа за 5,32%.
Во анализираната година, како и во претходните две години само ТВ Телма работела со загуба и остварила негативен финансиски резултат од 21,91 милион денари“, стои во анализата.