еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопјанец се самозадоволувал пред девојки во автобуси и влезови на згради, Обвинителството бара куќен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ од член 190 став 1 од Кривичниот законик.

– Во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Предлогот за куќен притвор е поднесен, бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од партијата гласа за промена на Уставот

Редакција

(Видео) И партиите знаат да се „зезаат“: ВМРО-ДПМНЕ го пречека портпаролот на СДСМ со микс „Каде е син ми Костадин“

Редакција

(Видео) Македонското знаме на Кораб заменето со албанско, примитивен чин на „планинари“

Редакција