еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје денеска делумно блокирано од приватните превозници, ако нема исход од понеделник ќе биде под целосна блокада

Со блокадата на десната страна од булеварот „Илинден“ со автобуси, приватните превозници на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ и денеска го изразуваат својот протест и незадоволство поради неисплатениот долг од страна на ЈСП „Скопје“.

Доколку оваа блокада нема исход, директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на вчерашната прес-конференција најави дека в понеделник почнувајќи од 6 часот главниот град ќе биде целосно блокиран, односно приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и кај Црвениот крст и на булеварот „Илинден“.

– Ова е најава од приватните превозници дека можеби уште повеќе ќе се засилат и радикализираат протестите. Нервозата расте, загрижени се, ги пратат изјавите и состојбата е многу напната, затоа апелираме до сите институции, дури и државните, да се вклучат како медијатори во решавање на овој проблем, со цел оваа ситуација да не ескалира, апелираше Јовановски.

Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот апелираа до превозниците да ја ревидираат одлуката за блокада на Скопје, бидејќи, како што велат, со тоа нема да постигнат решение за проблемот.

– Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени нема договор, се вели во соопштението од Град Скопје.

Исто така, од Градот најавија дека од следна недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми.

Првата блокада на приватните превозници се одржа на 28 ноември на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кога околу 30 автобуси на „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“ беа паркирани на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, со барање „да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Слобода превоз“ ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 15 лица од Ковид-19, меѓу нив гостиварец на 33 години

Редакција

Цените на бензините и дизелот се намалува за половина денар

Редакција

За што се „скараа“ СДСМ и ДУИ

Редакција