еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски Бетон со нето добивка од 11,9 милиони денари

Бетон АД Скопје преку Македонската берза соопшти дека заклучно со септември 2018 година, во консолидираниот биланс на успех е искажана консолидирана нето добивка во вкупен износ од 11.994.103 денари.

“Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон АД Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерални суровини и тоа: Бетон-Про ДОО Скопје, Бетон-Каменолом ДОО Скопје, Бетон-Рудник ДОО Скопје, како и друштвото за хотелиерство, туризам и услуги Бетон – Хотели дооел Скопје“, велат од компанијата.

Остварените консолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2018 година изнесуваат 1.314.437.601 денари.

Kонсолидираните вкупни расходи, во период јануари-септември изнесуваат 1.302.443.498 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставка си поднесе заменик директорот на „Факом“, Бојан Јордановски назначен за ВД генерален директор

Редакција

Членот на Управниот одбор, Ивановски, купи акции во Аутомакедонија

Редакција

Сите детали за хотелот Холидеј Ин кој ќе се гради во Кавадарци

Редакција