„Сковин“ АД Скопје за периодот јануари-септември 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот биланс на успех во износ од 32,8 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Остварените вкупни приходи во периодот јануари- септември 2020 година изнесуваат 5.119.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2019 година бележат пад од 90%.
Оперативните приходи во износ 5.107.000 денари учествуваат со 99,8% во вкупните приходи и истите бележат пад од 90% во споредба со 2019 година како резултат на реализирање на купопродажбата на подвижен и недвижен имот и поради непостоење на сопствено производство и продажба.
Финансиските приходи изнесуваат 12.000 денари и бележат намалување од 82% во однос на 2019 година“, информираат од компанијата.
Фото: Сковин