Врвната услуга за стримување SkyShowtime ќе го прослави денешното активирање во Македонија, Албанија, Чешка, Унгарија, Косово, Полска, Романија и Словачка со понуда за половина цена засекогаш за сите нови клиенти.
Само во промотивниот период, новите корисници што ќе се регистрираат преку skyshowtime.com ќе добијат 50% попуст на стандардната цена на месечната претплата – доживотно.
Во Македонија, Албанија, Косово и Словачка, ова значи дека корисниците што ќе ја искористат понудата ќе плаќаат само 2,99 евра месечно наместо 5,99 евра месечно за содржини од светска класа, вклучително и изворни холивудски филмови и ексклузивни нови серии од најголемите светски студија, сето тоа стримувано на едно место.
Во Романија, корисниците ќе плаќаат само 1,99 евра месечно наместо 3,99 евра месечно. Во Чешка, цената ќе биде 89 CZK месечно наместо 179 CZK месечно. Во Унгарија, цената ќе биде 999 HUF месечно наместо 1.999 HUF месечно, а во Полска корисниците ќе плаќаат само 12,49 PLN месечно наместо 24,99 PLN месечно.
Главниот извршен директор на SkyShowtime, Монти Сархан, изјави: „SkyShowtime нуди врвни содржини за неверојатна цена, давајќи им на корисниците една од најдобрите вредности во областа на забавата. Како следна одлична услуга за стримување во Европа, со задоволство им нудиме уште поголема вредност на корисниците во Албанија, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Полска, Романија и Словачка со специјална понуда по повод активирањето што важи ограничен период по половина цена засекогаш.“
По активирањето, локалната публика ќе има пристап до: Ambulance, Downton Abbey: A New Era, Jerry and Marge Go Large, Jurassic World Dominion, Ray Donovan: The Movie, Redeeming Love, The Bad Guys, The Hanging Sun, The Northman и Top Gun: Maverick.
Освен тоа, претплатниците ќе имаат пристап до широка понуда на серии: вклучително и: 1883, 1923, A Friend Of the Family, All The Sins, American Gigolo, Funny Woman, Halo, Law & Order Season 21, Let The Right One In, Mayor of Kingstown Season 1 and 2, Pitch Perfect: Bumper In Berlin, Star Trek: Strange New Worlds, Souls, Super Pumped: The Battle For Uber, The Best Man: The Final Chapters, The Calling, The Fear Index, The First Lady, The Midwich Cuckoos, The Offer, The Rising, Tulsa King, Vampire Academy и Yellowstone.
Големите нови филмови и серии што ќе се појават на SkyShowtime во текот на следните месеци ги опфаќаат некои од најочекуваните изданија: A Town Called Malice, Belfast, Drift – Partners In Crime (S1A), Lioness, Nope, Minions: The Rise of Gru, Rabbit Hole, Smile, The Black Phone и The Great Game.
Покрај тоа што ќе биде достапна директно за корисниците преку веб страната skyshowtime.com и преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, Android уреди, Android TV, Google Chromecast и LGTV, SkyShowtime денеска го објави и новото партнерство со Samsung.
Од 14 февруари, корисниците ширум сите пазари ќе можат да ја гледаат SkyShowtime содржината преку одбрани Samsung Smart TV приемници.
На SkyShowtime се прикажуваат нови врвни авторски серии, содржини за деца и за семејството и избор на легендардни наслови и филмски пакети од Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock.
SkyShowtime ќе биде достапен преку Samsung Smart TV приемниците произведени од 2017 година и понови со Tizen OS 3.0 и понови верзии.
Понудата на SkyShowtime „половина цена засекогаш“ е достапна само ограничен период и за неа важат правилата и условите за Македонија – skyshowtime.com.
Половина цена засекогаш – skyshowtime.com.
За повеќе детали, оди на: веб-страница: www.skyshowtime.com,вести: corporate.skyshowtime.com, LinkedIn: www.linkedin.com/company/skyshowtime,Twitter: https://twitter.com/SkyShowtime.
За SkyShowtime
SkyShowtime е следниот голем стриминг сервис во Европа, сега достапен во преку 20 земји и преку 90 милиони домаќинства. Отсега е достапен во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Финска, Унгарија, Косово, Црна Гора, Норвешка, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Шведска. Лансирањето во Андора и Шпанија е закажано за 28 февруари 2023.
Заедничка инвестиција на Comcast и Paramount Global, SkyShowtime ја носи најдобрата забава, филмови и оригинални серии од популарните брендови на Universal Pictures, Paramount Pictures, Nickelodeon, DreamWorks Animation, Paramount+, SHOWTIME®, Sky Studios и Peacock. SkyShowtime исто така ќе понуди ексклузивни наслови од локална продукција, како и оригинални серии од SkyShowtime Original.
ПР-објава