еМагазин
Image default
Бизнис

Сметководители заболени од коронавирусот, фелата бара итни мерки за заштита од Владата

Со Ковид-19 се заразени и сметководители, поради што бараме состојбата итно да се разгледа и ако е можно да се донесат дополнителни мерки за заштита на фелата, соопшти денеска Институтот на сметководители.

Институтот во барањето, кое е испратено до Владата и до Министерството за финансии, нагласува дека сметководителите не се опфатени со владините мерки, а во Законот за вршење сметководствени работи не се предвидени услови за работа во вонредна состојба.

– Ве информираме дека веќе има заразени сметководители со коронавирусот, па сметаме дека веднаш треба да се преземат конкретни мерки за вршителите на сметководствена дејност, кои изложувајќи се на ризик од зарзата, се грижат за прибирање приходи во Буџетот на државата, наведува Институтот.

Од таму дополнуваат и дека е потребно да се воведе мерка според која доставата и проткот на документи ќе се одвива исклучиво по електронски пат.

Институтот до своите 11.014 членови веќе издаде препораки – да го скратат работното време, пристапот до канцелариите да го сведат на шалтер без можност за влез на странките внатре, да носат заштини маски и ракавици, задолжително да користат гел за дезинфекија и да држат растојание од 1,5 до два метра, меѓусебната комуникација да им биде електронска, да забранат приватни посети и да користат курирски служби.

Во земјава моментно има 2.158 субјекти кои се занимаваат со сметководствена дејност со вработени вкупно 3.513 лица.

Денеска на прес-конференција и Комората на сметководители побара поддршка од државата. Укажа дека секторот е погоден од економските состојби што ги предизвика коронавирусот, како и дека според досегашните проценки, прометот на услугите е намален до 20 отсто.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

Кои фирми ќе бидат ослободени од персоналец и данок на добивка за март, април и мај

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Инфлацијата во јануари била 6,7%, намалување во втората половина од годинава

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на ОТА за „рентање“ четири возила вреден 86.000 евра

Редакција

Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани

Редакција