Тетовската полицијата соопшти дека свекрва на 73 години ја пријавила снаата за семејно насилство. Настанот се случил во нивната куќа во едно тетовско село.
„Седумдесет и три годишна жителка на тетовско село вчера 19 октомври во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37-годишна снаа.
Пријавената по извесно време била повикана во Полициската станица Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против снаата ќе следува соодветен поднесок.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.