еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Со бразилскиот сој може повторно да се заразат 60% од луѓето кои прележале Kовид-19

Најмалку шест од 10 лица кои го прележале коронавирусот се ранливи на бразилската мутација П1, покажа истражувањето на градот Манаус, во државата Сао Паоло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“.

Истражувањата ја покажаа „шокантната брзина“ со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло изјави дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата кои биле создадени за време на првата инфекција со коронавирусот не делуваат против мутацијата П1.

„Едноставно кажано, од 100 луѓе кои имале Kовид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти,“ рече Сабино.

МИА/Фото: Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет и ги обвини Мицкоски и Сиљановска за негово непочитување

Редакција

Убава вест: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со корона вирусот

Редакција

Проф. Трајковски: Бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, ни Гевгелија нема да биде поштедена

Редакција