еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

За влез во Србија сепак нема да ни треба негативен тест за Ковид-19

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, таа повтори дека на 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појават на Ковид-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирусот и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнаабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

-Комуницираме со Стопанската комора на Србија и со сите странски амбасади и стопански комори. Во тој случај странските државјани добиваат посебна дозвола за ограничено движење, од хотелот до работното место, кажа Брнабиќ.

Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.

-Не постојат никакви лимити. Тие не мора да бидат во самоизолација, односно можат нормално да влезат и да се движат нормално, доколку имаат негативен ПЦР тест на влезот во земјата, изјави Брнабиќ.

Таа најави дека Кризниот штаб денеска ќе го разгледа прашањето за можно отворање на административните премини меѓу Србија и Косово.

МИА/фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Се очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа есен

Фабрика за мебел го направи Врање ново жариште на коронавирусот во Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието немало инструменти за испитување дали има злоупотреба на патните трошоци на пратениците, вели Џафери

Редакција

Министерството за финансии вработува 17 службеници

Редакција

(Галерија) Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

Редакција