еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието немало инструменти за испитување дали има злоупотреба на патните трошоци на пратениците, вели Џафери

Спикерот Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите во врска со високите патни трошоци кои ги добиваат пратениците истакна дека Собранието нема инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот.

„Прво и основно, со Деловникот е пропишано под кои услови се остварува правото патни трошоци и користење стан за таа намена, значи како алтернатива.

Условите се пропишани во Деловникот кој присуството на секој пратеник го докажува со потпишувањето на списокот за присуство на седница на Собранието, односно на седница на работните тела и во тој контекст никој никому не може да му го оспори тоа право додека е тоа докажано со потпис.

Собранието нема други инструменти за испитување на веродостојноста на правото на пратеникот, затоа што се смета дека и уставно пратеникот не одговара пред претседателот на Собранието или пред собраниската служба,“ рече Џафери.

Според спикерот Џафери, доколку има индиции дека има злоупотреба, тогаш за тоа треба друга институција да покрене поинаква постапка.

„Во тој контекст, мислам дека немам коментар. И сега дали се високи или не, тоа е прописот, тоа се законите и во рамки на тоа треба да се исплати,“ рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци, рекордери Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

МИА/Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцината превенција од компликации: Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип

Редакција

Расте бројот на здравствени работници со коронавирусот, 16 се заразиле во болница

Редакција

Тендер „тежок“ 56.000 евра: Струмичката „Атлантис“ ќе организира службени патувања за вработените во АЕК

Редакција