Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Т.К.(33), Н.Л.(41) како и против правно лице, сите од Кичево, информира МВР.
„При извршена контрола на 22.10.2020 година во Кичево, полициските службеници го затекнале Т.К. при вршење јавен превоз на патници со патнички автомобил „фолксваген голф“, сопственост на правното лице.
Притоа констатирале дека тој не поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници, што е обврска на правниот субјект преку Н.Л. како одговорно лице“, соопшти МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.