На 21.02.2021 во 19.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, соопшти МВР.
Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест.
Лицата биле задржани за понатамошна постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.