еМагазин
Image default
Локално

Со нож нападнат малолетник од Арачиново додека чекал автобус

На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13.00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.

Додека чекал автобус, соопшти денеска МВР, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината. Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Редакција

Мотоциклист тешко повреден во судар меѓу „Кавасаки“ и „Ауди“

Редакција

Приведен алкохолизиран скопјанец кој со пиштол се шетал на крстосница

Редакција