Со ребалансот на Буџетот нема никакви дополнителни промени на ставката за финансирање на политичките партии, посочи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
-Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и таа ставка сега со ребалансот на Буџетот нема претрпено никаква промена.
Во моментов на таа ставка во таа програма има околу 106 милиони денари во рамки на Министерството за правда, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.