еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сојузот на здруженија на дијабетичари препорачува: Баланс+ јогурт за одржување на дигестивното здравје на лицата со дијабетес  

Лицата со дијабетес покрај својата здравствена состојба, се соочуваат и со предизвици во однос на исхраната и снабдување со производи што се соодветни за нивниот начин на исхрана.

Иако, исхраната е најважниот дел од справувањето со здравствената состојба кај овие лица, сепак, достапноста до прехранбени производи кои се наменети за нив, или пак нивниот состав одговара и го поддржува дигестивниот систем на лицата со дијабетес, е ограничена и не е толкава колку што е потребно.

Тука посебно спаѓаат млечните производи, коишто како нутритивен состав се корисни и потребни за исхраната на лицата со дијабетес и нивното вклучување во дневното мени е особено важно, заради витамините, калциумот и посебно протеините.

Единствен млечен производ, што е докажано добар и потребен за специфичната исхрана и којшто влијае позитивно на дигестивното здравје на лицата со дијабетес е функционалниот јогурт Баланс+.

Неговиот состав богат со потребните минерали, витамини, пред сѐ пробиотици и пребиотици, ја балансира исхраната на лицата со дијабетес, позитивно влијае врз метаболичките процеси во организмот и помага дијабетичарите да имаат квалитетна исхрана. Баланс+ е и единствениот производ на пазарот за кој што постои клиничка студија што ги потврдува неговите дејства во постигнување дигестивна рамнотежа и во поттикнување на метаболичките процеси.

Во Македонија се регистрирани околу 116.000 лица со дијабетес кои секојдневно се соочуваат со предизвиците што произлегуваат од нивната состојба, но и недоволно информации за исхраната и производите што им се потребни.

Како резултат на тоа Баланс+ заедно со Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија започна едукација на членството за правилна и балансирана исхрана, за потребни промени во исхраната кај лицата со дијабетес и за тоа како пробиотскиот јогурт е соодветен за нивното дигестивно здравје, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Двајца лекари и рендген техничар се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Редакција

(ВИДЕО) Учениците од „Исмаил Ќемали” со марш им одадоа почит на петте загинати соученици во несреќата во Бугарија

Редакција

До петок времето облачно со повремен дожд

Редакција