еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ќе му пишува „неоправдани“ на Груевски за неговото отсуство

По изминувањето на шест месеци неоправдано отсуство на Никола Груевски, координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието повторно ќе го стават на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат, како што предвидува Уставот во членот 65.

За одземање на мандатот, повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство, било истакнато на координацијата кај претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Исто така, отсуството на пратеникот Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано.

На денешната координација, иако уредно известен, вообичаено, не присуствувал координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, но е информиран за заклучоците од координацијата.

„Според член 30 од Деловникот за работа на Собранието, пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, преку Пратеничката група, го известува претседателот за отсуството. На пратеникот кој отсуствува најмалку трипати едно по друго на седниците на Собранието, а за тоа не го известил претседателот, му се одзема 5 проценти од платата за секој ден отсуство, за што акт донесува Комисијата за прашања на избори и именувања. Овој член ќе важи за неоправданото отсуство на пратеникот Никола Груевски.

Деловникот пропишал дека, на пратеникот му престанува или може да му биде одземен мандатот само во случаи утврдени со Уставот, Законот и Деловникот. Еден од условите е и пратеникот да е недостоен за вршење на пратеничката функција, за што Судот кој ја изрекол казната испраќа известување до претседателот на Собранието.

За пратеникот Никола Груевски, Собранието не донесе одлука за одземање на мандатот, бидејќи не се изјасни минимумот од 80 пратеници. Според ова, по овој основ и за оваа казна затвор, на пратеникот не може да му биде одземен мандатот.

Во Деловникот во член 59 е пропишано дека за пратеник кој неоправдано отсуствува од седниците повеќе од шест месеци, претседателот на Собранието ја известува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а одлуката за одземање на мандатот по овој основ се носи на седница на Собранието“, се вели во соопштението на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По бегството: Ќе продолжи ли Никола Груевски да ја зема пратеничката плата?

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Ќе има целосна мобилизација на здравствените работници и капацитети

Редакција

Новинарите кои известуваа за време на крвавиот 27 април од Собранието ќе поднесат тужба против државата

Редакција

Пендаровски за картата на Каракачанов со Санстефанска Бугарија: Отворено кршење на Договорот за добросодество

Редакција