еМагазин
Image default
Бизнис

Собранието го усвои законот за данок на личен доход: Од 1 јануари прогресивно оданочување

Собранието го донесе законот за данок на личен доход со кој од 1 јануари 2019 година се напушта концептот на рамен данок и се воведува прогресивно оданочување.

Во образложението на предлогот минситерот за финансии Драган Тевдовски го оцени како праведно решение, додека опозицијата како лошо законско решение и катастрофа за македонската економија.

„Се предлага воведување прогресивен данок на доход со цел обезбедување поголема праведност на даночниот систем“, рече Тевдовски.

Освен даночната стапка од 10 проценти се воведува и стапка од 18 отсто која ќе се однесува на даночна основа што надминува еден милион и осумдесет илјади денари на годишно ниво, односно 90 илјади денари на месечно ниво. За даночната основа до еден милион и осумдесет илјади годишно и до 90 илјади месечно останува примената на постојната даночна стапка од 10 отсто.

Исто така, се предлага и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

Дополнително со законот се врши и зголемување на соодносот на даночното намалување, односно ослободување што ќе важи на платите и пензиите со што даночното побарување кај пензиите ќе биде помало отколку што е со постојниот закон.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Редакција

ГП „Богородица“ пуштен за транзит на странци, ги враќаат од грчка страна

Редакција

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во септември

Редакција