еМагазин
Image default
Бизнис

Собранието објасни зошто е распишан тендер за набавка на авиобилети вреден 13 милиони денари

Одлуката за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за 2 години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт, соопшти Собранието по објавата на еМагазин дека е распишан тендер за набавка на авиобилети вреден 13 милиони денари.

„Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, сѐ ќе биде во зависност од меѓународната активност. Дел од средствата се рефундираат од организаторите, во зависност од настанот. Сега има актуелна рамковна спогодба со 4 агенции и договорот е сукцесивен. За секоја набавка има посебно барање до 4 компании и се бира најекономичната и најрационална понуда. Очекуваната провизија е 0,01 процент“, велат од Собранието.

Оттаму напоменуваат дека е обезбедена конкуренција и дека ќе се склучи рамковна спогодба со сите кои ги исполнуваат условите, и конкуренцијата ќе обезбеди поевтино и пофункционално патување.

„Оваа постапка е потранспарентна и поконкурентна. Инаку, двата тендера ќе бидат објавени на Европски сајт за јавни набавки за да може и меѓународни агенции да конкурираат. Постапката трае 45 дена, а пред самиот почеток на постапката се спроведува технички дијалог на кој немавме ниту една забелешка.

Патните расходи за авио билети за 2018 година биле 5 милиони 687.163 денари. Тринаесет милиони денари се предвидени и за сместување за период од две години. Дел од средствата се од донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт.

Очекуваната провизија е 0,01 процент. Досега секој одделен сектор сам резервираше хотели, се вршеа резервации со картички, и сега нема секој одделно да резервира хотели и треба да се исполни минимумот услови, минимум ѕвезди, 1 км. оддалеченост од настанот поради заштеда на средства за локален превоз и да има минимум три понуди, што значи ќе се избира најекономична и најповолна понуда“, објаснуваат од Собранието.

Собранието има Календар за претстојни активности од областа на меѓународна соработка, велат од таму.

“За 2019 година се планирани 106 настани. Се работи, меѓу другото, за седници на ПС на НАТО, годишна сесија на ПС на Совет на Европа, студиска посета на НАТО, состанок на комисии, парламентарно собрание на ОБСЕ, состанок на МПК-РМ и ЕУ, Генерално собрание на ОН, Рос-Рот семинар, Комисија за миграции на ПС на СЕ.

Во Собранието има 8 постојани делегации за мултилатерална соработка и 46 делегации за билатерална соработка. Има соработка на ниво на работни тела, на пример за соработка на Националниот совет за европски интеграции и Комисија за европски прашања. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија има посебна агенда“, велат од Собранието и додаваат:

„На овие патувања одат пратеници од сите политички партии, според членувањето во групите за соработка или членување во делелгации. За секое патување по добиената покана, заседава и одлучува претседателството на Собранието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието на авиобилети ќе потроши 13.000.000 денари

Собранието распиша тендер за агенција за хотелско сместување „тежок“ 211.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонско-словенечки конзорциум го доби тендерот за адаптација на филтер станицата во Штип вреден 5,4 милиони евра

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

Стретешки важно и за Македонија: Gastrade ја усвои конечната инвестициска одлука за изградба на самостоен систем за природен гас во Александрополис

Редакција