еМагазин
Image default
Македонија

Собранието вечерва ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

Собранието вечерва во 21 часот ќе ја одржи 89. седница на која пратениците ќе расправаат за имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.

На дневен ред на седницата е барањето за одобрување притвор на пратеникот Вељаноски, поднесено од Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.

По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за“ и четири „против“ што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои пратеници до сега се бараше одземање на пратеничкиот имунитет

„Трајко ја изгуби можноста да биде викан „Трале“ од Мицкоски„: Твитер за пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Кои се членовите на Кoмисијата која одлучуваше за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски за сега не оди во притвор, Комисијата не му го одзеде пратеничкиот имунитет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес четири нови случаи со Ковид-19, еден починат

Редакција

Кодовите МКД и МК се во согласност со Преспанскиот договор, вели министерот Маричиќ

Редакција

Минчо Јорданов сведочеше во „Шпион“: Со Божиновски соработував и потоа ме уценуваше

Редакција