еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со мала облачност и умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18 степени, а максималната од 23 до 33 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и многу топло со температури до 39 степени и засилен јужен ветер

Редакција

Студено време денеска, со засилен северен ветер

Редакција

(Фото) Новиот владика дочекан со „цветен под“ во Бигорскиот манастир

Редакција