еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево со температура до 37 степени, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето и утре ќе биде многу топло, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави Исламска држава: Додека крстоносците водат војна во Украина, време е за акција

Редакција

„Тази датум не е датум“: Твитер реакции по средбата на Заев со Меркел

Редакција

УХМР со најнова прогноза: Од среда снежна покривка во поголемиот дел од државата

Редакција