Македонскиот државјанин, кој беше повреден во сообраќајната несреќа на Халкидики е пуштен од болница и веќе е во Северна Македонија, дознава дописничката на МИА од Атина.
Во сообраќајната несреќа што се случи вчера наутро на локалниот пат Муданиа – Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Северна Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а сопатникот беше пренесен во болница.
Од грчката полиција соопштија дека околу 6.20 часот во неделата на локалниот пат меѓу Муданиа и Палиоури на Халкидики се превртел автомобилот со кој управувал 22-годишен странски државјанин и загинал возачот, а неговиот 21-годишен сопатник, исто така странски државјанин е повреден.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за државјани на Северна Македонија, а автомобилот бил со македонски регистарски таблици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во сообраќајка на Халкидики загина 22-годишен македонски државјанин
МИА