еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сопругата на Оливер Драгојевиќ се огласи по погребот: Едвај преживеавме, но бевме горди

Сопругата на Оливер Драгојевиќ, Весна се обрати до јавноста за да се заблагодари на тоа како овој музичар беше испратен од неговите пријатели, колеги но и непознати луѓе.

Во својот статус, кој беше пренесен на социјалните мрежи таа открива колку Оливер живеел како обичен човек, без да биде свесен, дека е толку популарен.

Ви пренесуваме дел од нејзиниот статус:

„Ти, три дена беше она што никогаш не си сакал да бидеш, важен, почитуван, сакан од сите познати и непознати луѓе. Јас знам што би рекол на тоа, но морам да ти кажам тоа се случи спонтано, без притисок. Ние дома знаеме дека луѓето те сакаат, но бевме шокирани со количината на емоции кои ги доживеавме. Оле, имаше три погреба во два дена.

Едвај преживеавме, но бевме горди на сите настани поврзани со тебе. Ти знаеш дека сме добри. За некој ден ќе се роди Марко, твојот шести внук кој знаеше дека нема да го видиш, но знаеше дека доаѓа на свет.

Тие се мали за се да разберат. Малиот Тони ме праша: бабо, зошто се овие свеќи пред нашата куќа? Му кажав дека тоа го оставаат луѓето, бидејќи дедо му починал. Ме праша, па зошто толку многу?

Добивме стотина, а можеби и илјадници пораки на сочувство од твоите пријатели, колеги и непознати луѓе. Стотина бродови те испратија и сигурна сум да би рекол, вие сте полуделе како да сум „некоја фаца“, јас само го работев она што го сакав.

Можеби и затоа беше таков погребот, бидејќи никогаш не се туркаше да бидеш во прв ред. Знаеш дека живеевме како нормални луѓе, се дружевме со луѓе, а не со титули. Луѓето тоа го препознаваат и затоа те сакаат. За песните нема да зборувам, бидејќи и никогаш не зборувавме. Ти беше нашиот сопруг, татко и дедо. Не се лути што толку многу луѓе те сакаат, а можеби и не знаеше.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Редакција

Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција од коронавирусот отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Редакција

Забавата во кујна со децата е непроценливо и поучно искуство

Редакција