еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Состојбата на Џафери e стабилна не е позитивен на корона вирусот, конститутивната седница ќе биде закажани во уставниот рок

Здравствената состојба на претседателот на Парламентот, Талат Џафери е стабилна и тој одмора по препорака на лекарите, информираат денеска од неговиот Кабинет.

– Здравствената состојба на претседателот на Собранието Талат Џафери е стабилна. Со оглед на интензивните активности што ги имаше во текот на изборната кампања по препорака на лекарите неопходен му е одмор и мирување, посочуваат од кабинетот на Џафери.

Воедно, наведуваат дека неколку пати бил тестиран и е негативен на Ковид-19.

Од Кабинетот засега не потврдуваат дали Џафери ќе оди во Крушево за прославата по повод Илинден како што претходно беше најавено, ниту кога ќе ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав, но укажуваат дека се ќе биде направено согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник.

Талат Џафери минатата недела беше хоспитализиран на Инфективната клиника заради системска контрола.

Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август. Ако не биде во можност тоа да го стори, таа улога му припаѓа на најстариот пратеник во новиот собраниски состав. 

МИА/Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Стигна и втората пратка со вакцини “Спутник В“ за ревакцинација на 3.000 здравствени работници

Редакција

Ќе биде ли нов премиер на Бугарија, шоуменот и музичар Слави Трифонов?

Редакција

Викенд „поход“ на Македонците на Солун

Редакција