Од ЈСП Скопје информираат дека од утре, четврток (23.04.2020 год) со оглед на најновата одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението во период од 19-05 часот, јавниот превоз ќе сообраќа до 19 часот, во две смени, од 5 до 9, па од 13 до 19 часот.
Од сабота (25.04.2020 год) од 15 часот до понеделник (27.04.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
„За деталите за режимот на јавен превоз во сабота, ќе информираме во текот на утрешниот ден“, соопшти ЈСП.
ДЕТАЛИ ЗА РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ УТРЕ И ВО ПЕТОК
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на вебстраницата на ЈСП Скопје.
Пример. Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот),12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).
РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА УТРЕ И ВО ПЕТОК
Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.
„Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над стомаркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците насубјектите.
Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции.
Напоменуваме дека ЈСП Скопје не одлучува самостојно за режимот на јавниот превоз, туку, тој е согласно мерките, препораките и насоките на сите надлежни институции задолжени за справување и превенција од ширење на коронавирусот“, информираат од ЈСП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата одлучи: Во сабота полицискиот час ќе почне од 15, а во работни денови од 19 часот
Спасовски: Намалувањето на рестриктивните мерки никако не смее да знaчи опуштање и неодговорност