Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево од понеделник, 20 декември, ќе почне со редовна работа, со термини за амбулантски пациенти, по една недела пауза, поради последиците предизвикани од невремето со снег што го зафати Преспанскиот регион.
Поради лошите временски услови и прекинот со електрична енергија од саботата, болницата немала вода и основни услови за работа, односно за амбулантски прегледи и хоспитализација на пациенти.
Директорката на болницата, доктор Алелсандра Пили, во изјава за МИА информира дека екипи прават тестирање на пумпите за довод на вода и системот за парно греење и од понеделник ќе продолжат со редовна работа.
– Хоспитализираните пациенти од сабота соодветно се транспортирани до своите домови. Правиме тестирање на парното и доводот на вода и од понеделник ќе почнеме со редовните амбулантски прегледи, истакна Пили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лошите временски услови времено ја затворија Специјалната болница во Отешево
МИА/Фото: Архива/МЗ