еМагазин
Image default
Македонија

Според Османи новиот министер Хисен Џемаили не бил вмешан во случајот „Мавровски работници“

Вицепремиерот Бујар Османи, во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека новиот министер без ресор, Хисен Џемаили не бил вмешан во случајот „Мавровски работници“.

Зошто сметате дека Хисен Џемаили, кој беше обвинет во случајот Мавровски работници од 2001 година, е добар избор за министер?

Прво, господинот Џемаили не е осуден за настаните коишто вие ги споменувате. Тоа беше главно дел од поранешната пропаганда против ОНА и нашите информации се дека воопшто не бил вмешан во настаните за коишто се споменува. Формално-правно тој нема пречка за извршување јавна функција. Тој беше претседател на Советот на Општина Тетово, беше пратеник во Собранието.

Но, тогаш му беше одземен имунитетот за овој случај.

Да, но знаете дека процесот формално беше завршен со автентичното толкување на Законот за амнестија од 2001 година. Значи, ви кажувам дека формално-правно нема пречка, меѓутоа еве и неформално можам да ги споделам и информациите коишто ги имам дека господинот Џемаили воопшто не бил дел од настаните за коишто се споменува. Но, во однос на компетентноста, во однос на образованието и искуството, апсолутно сметам дека е вистински човек на вистинско место.

Целото интервју на РСЕ, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хисен Џeмаили стана министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима

За новиот министер Хисен Џемаили интернетот е компјутерска вештина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот ја одби жалбата на ВМРО ДПМНЕ за одмрзнување на имотот на партијата

Редакција

Убава вест: Оздравени 727 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Судењето за „Тендери“ одложено за 6 декември, судиите имале друг предмет за судење

Редакција