Унилатералната декларација на македонската влада во врска со македонскиот јазик која е поднесена до ЕУ го дефинира стандардниот литературен македонски јазик и во неа нема ништо спорно, вели за Дојче веле професорот на Филолошкиот факултет и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.
Откако беше објавена декларацијата, во јавноста се појавија реакции и коментари во кои се тврдеше дека со неа се негира дека македонскиот јазик има дијалекти кои се зборуваат надвор од територијата на Македонија.
„Овде се работи за стандардниот литературен јазик во македонската декларација. Тој јазик уште од времето на Мисирков, потоа Конески и потоа Комисијата за јазик и правопис е стандардизиран врз основа на следните говори: Битола, Велес, Прилеп и Кичево. Тој јазик се темели на нив“, вели професорот Спасов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада