еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Спорни биле само 200, а не над 400 уверенија од Штуловиот универзитет: Беџети контра Антикорупциска

На Универзитетот на Југоисточна Европа поради техничко административна грешка биле издавани уверенија со погрешно наведување на називот односно звање, а не дипломи, објаснуваше денеска на новинарско прашање ректорот Абдулменаф Беџети околу темата дали установата има издавано спорни документи за дипломирање.

Според него, станува збор за околу 200 такви уверенија.

-Тоа е полувистина, за периодот од 2008 до 2010 година немало регулирано со декрет во државата за квалифицикациите и за звањата во тој дел. Така што од 2010 година, ноември, донесен е декретот, односно  одлуката каде се идентификуваат називите на звањата и разликите во седми степен и шести степен.

Меѓутоа тоа не дека се издадени дипломи, да бидеме на јасно, издадени се во кои стои бројот на трансфер европски кредити ЕЦТС, каде што пишува 180 ЕЦТС кредити тоа значи е рамно на тригодишни студии (Bachelor).

Меѓутоа некој сака да ги толкува така само за да на некој начин внесува забуна. Но, пак велам е полувистина, дел се во право затоа што веќе во 2012 година кога е регулирано, односно 2011 година почнало примена на декретот односно на одлуката, кога е регулирано, меѓу 2011 и 2012 година имало такви случаи каде уверенијата се издадени со погрешно наведување на називот односно звање VII-1.

Меѓутоа од 2012 натака се е во ред. Во суштина нема грешка, има техничко административна грешка во нецелиот тој период и не е тој број на дипломи – 437, туку е помал од 200. Но, колку и да е и две дипломи да се, е в ред. Не се дипломи, туку се уверенија, изјави Беџети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не бил само синот на Џафери, дури 449 студенти положиле правосуден испит пред да дипломираат, открива претседателката на Антикорупциска

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациенти од донор добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Редакција

Инфлацијата во март 14,7%

Редакција

Амнестирани пратениците Мукоски, Василевски, Димовски, Трачуловски и Арнаудов

Редакција