еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не и за Македонија

Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.

Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација пред да стапи во сила одлуката.

На почетокот на септември српската влада воведе привремена забрана за извоз со цел да се спречи критичен недостиг на овие намирници.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) 43 загинати во железничката несреќа во Грција, масовен протест во Атина

Редакција

„Ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава, кој е подготвен да се бори со нас, искрено – не гледам“, вели украинскиот претседател Зеленски

Редакција

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Редакција