еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија донесе забрана за извоз на млеко, Македонија и Албанија изземени од одлуката

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, освен за Македонија и Албанија, а со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од српската Влада, донесена е и изменена на Регулативата за ограничување на цената на основните прехранбени производи, која ќе важи до 30 септември 2022 година.

Со измената на Регулативата цената на УХТ млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари (1,1 евро). Исто така, покрај ограничувањето на цената на УХТ млекото, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот.

Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата и ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните, се наведува во соопштенеито. 

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на заразени со корона вирусот во Македонија се ближи до 5.000

Редакција

350 нови случаи на Ковид-19 од 2.291 тестирања, во Скопје 180

Редакција

Нови 183 случаи на Ковид-19 од 1.466 тестирања

Редакција