еМагазин
Image default
Бизнис

Србија купи удел од Македонија над зградата на Амбасадата во Берн

Српскиот амбасадор во Швајцарија, Горан Брадиќ, по овластување и наредба на министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, потпиша купопродажен договор со амбасадорот на Северна Македонија во Швајцарија, Кенан Рамадани, за купување на косопственичкиот удел на Северна Македонија над зградата на Амбасадата на поранешна СФРЈ во Берн, јави дописникот на МИА од Белград.

Во следните 30 дена, на Северна Македонија ќе и се исплати удел од осум отсто од зградата во која се наоѓаат Амбасадата, Конзуларното одделение и резиденцијата на српскиот амбасадор.

Со тоа Србија станува сопственик на 61,5 отсто од уделот над зградата во Берн, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

Договорот за откуп на словенечкиот удел од 14 отсто беше потпишан на 7 декември годинава.

Зградата на Амбасадата во Берн, со површина од 1.835 метри квадратни, ја изгради компанијата „Енергопроект“ во 1978 година, а во 2017 година Кантонот Берн го вклучи објектот во списокот на заштитени културни добра, наведуваат од српското МНР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка во врска со купувањето

Редакција

Пад од 1.267 денари: Просечната плата во јануари изнесува 24.517 денари

Редакција

Лани реализирани речиси 90% од капиталните проекти, тврди Ковачевски

Редакција