еМагазин
Image default
Локално

Србин бегајќи од полицијата се „тубмал“ со „мерцедес“ полн со мигранти

На 09.04.2021 околу 06.00 часот, на излезот од Градско, полициски службеници од Регионален центар Југ – Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Р.Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информира МВР.

„Имено, во 05.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско.

На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело. Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош.

Во врска со настанот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат“, со српски национални ознаки, кој бил претходница. За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни пет пожари низ Македонија

Редакција

Скопје останува без јавен превоз

Редакција

За што ќе се трошат парите: Град Скопје за 2019, со буџет од 6,5 милијарди денари

Редакција