Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска вели дека жените кои се невидливи потпори во руралните средини.
„Само 5% од руралните жени се сопственици на имот и земјоделско земјиште и најголема пречка и понатаму се традиционалните норми каде што се префрла имот на мажите. Највисоки стапки на невработеност се забележани кај младите рурални жени, од кои 59% се на возраст од 20 до 30 години.
Околу 64 проценти од руралните жени не се активни на пазарот на труд и најголема причина се негата на децата, неплатената работа во домаќинставата и семејните фарми.
Потребни се ефективни, а не дисктиминаторни мерки, како мерката 115 во четири годишната програма за рурален развој 2018 -2021, во која се поставени дискриминаторни услови за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство, односно се бара жената да е во брак, да има родено едно дете, да е невработено лице, домаќинка и да живее во населено место од 200 жители на надморска височина од 700 метри.
Бараме оваа мерка да постои и да се редифинираат условите за апликација, која ќе ги опфати регистрираните земјоделки, вели Мојсовска и додава дека потребно е Владата да воспостави сет на економски мерки за зголемување на можностите за вработување на жените во руралните средини, мерки со кои ќе се препознае неплатениот труд на жените за грижа за семејството и земјоделската работа, остварување на правото на пензија и породилното отсуство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Среќен 8 Март: Жените тешко доаѓаат до раководни позиции и се надвор од пазарот на труд
Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени