еМагазин
Image default
Бизнис

Среќен 8 Март: Жените тешко доаѓаат до раководни позиции и се надвор од пазарот на труд

Согласно податоците на Државен завод за статистика (ДЗС) обработени на годишно ниво за 2017 година, голем процент од работоспособните жени во Македонија не се активни на пазарот на трудот, информираше потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова.

Така, од работоспособните мажи 53,5 отсто биле вработени, невработени 15,8 проценти, додека, пак, неактивни 30,7 отсто.

За разлика од нив, од работоспособното население кај женската популација 34,6 отсто биле вработени, невработени само 9,7 проценти, но неактивни биле високи 55,7 отсто.

„Сето ова укажува на фактот дека жените не само што тешко доаѓаат до раководни позиции, туку дека тие се надвор од пазарот на трудот. Согласно анализите тоа се должи на стереотипната перцепција за улогата на жените во општеството, како и фактот дека голем дел работат во рамките на сивата економија.

Дополнително, иако дури една третина од компаниите во државава се основани од жени и официјално жени се назначени на највисоката раководна позиција, во пракса тоа воопшто не е така, поточно е само на хартија, додека таа функција реално ја вршат мажите.

Од аспект на застапеност на жените во управувачките структури во компаниите, во нашата земја не постојат релевантни податоци за комплетна анализа. Несомнена е улогата на жените за развој на приватниот бизнис и севкупен економски раст“, истакна Кулебанова.

Таа додаде дека неопходно е сите чинители во општеството да се фокусираа на обезбедување на еднакви можности за жените особено на повисоките позиции, бидејќи тие често се работна сила на пониско ниво, а во одредени случаи жена со исти работни карактеристики како маж заработува 17,9% помалку, односно жената би морала да работи дополнителни 65 дена за да ја оствари истата плата како и мажот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среќен 8 Март: Дискриминаторска мерка на Владата за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство

Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По само еден месец работа, Мтел го регистрира својот 500 корисник

Редакција

Сите детали: Како да проверите дали сте корисник на домашна платежна картичка?

Редакција

Управата за финансиско разузнавање распиша тендер за набавка на три возила

Редакција