еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

ССМ: Газдите да исплатат 250 проценти поголема дневница за работа на празник

Работниците кои работат за празниците треба да добијат 250 проценти поголема дневница од обичен работен ден, ги потсети денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) газдите на фирмите кои за Бадник и Божик работат.

Согласно Законот за празниците денешниот е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед и утрешниот ден е неработен за сите граѓани.

-Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За работа  во  денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник, нагласуваат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

Редакција

Нето-надворешниот долг зголемен за 432 милиона евра

Редакција

Статистика во октомври пресмета инфлација од 3,5%

Редакција