еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелира до надлежните државни и инспекциски органи да преземат мерки за санкционирање на работодавачи кои ги попречуваат работниците да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација им се третира како неплатено отсуство.

Сето ова, како што соопштија од ССМ, ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.

-Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза, наведуваат од Сојузот.

Од Сојузот на синдикатите бараат Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени реакција на имунизацијата треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.

ССМ апелира работниците да ги пријавуваат несовесните работодавачи на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: [email protected], како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Работниците кои ќе развијат поствакцинален синдром, да не се прислуваат веднаш да се вратат на работа

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Меѓународен сојуз на Боки 13 должи 107.000 евра неплатен данок

Редакција

Во Македонија се уште деца раѓаат деца: Мајки станале 19 девојчиња помали од 15 години

Редакција