еМагазин
Image default
Македонија

Стефан Богоев именуван за нов директор на Центарот за анализи на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ го именуваше потпретседателот Стефан Богоев за директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

„Останувањето на потпретседателот Богоев во партијата, кој во изминатите години извршуваше повеќе јавни функции, беше пратеник, градоначалник, со својот потенцијал, искуство и знаење ќе придонесе кон јакнење на капацитетите на СДСМ, подобрување на ефикасноста, начинот на работа и ќе допринесе во градење нов систем и пристап на градење и реализирање на политики,“ велат од СДСМ.

Богоев на неговиот Фејсбук-профил напиша дека „да се предводи Центарот за истражување и анализи на СДСМ за мене е голем предизвик, но и чест.“

„Ве убедувам дека СДСМ повторно ќе биде победничка партија која ќе креира политики за доброто на граѓаните и државата,“ напиша Богоев.

Централниот одбор синоќа, исто така донесе одлука со којашто започнува постапката за избор на претседатели и членови на секретаријати на 19 партиски комисии, стручни работни тела на СДСМ, кои имаат важна улога во креирањето и евалуацијата на мерки и политики на партијата.

Преку отворен повик кој јавно ќе биде објавен, вклучително и на интернет страната на СДСМ, сите заинтересирани членови и симпатизери кои ги исполнуваат условите, кои се стручни и компетентни, можат да поднесат кандидатури.

Со изборот на нови претседатели и членови на секретаријати се заокржува процесот за комплетирање на партиските тела согласно новиот концепт на работа, велат од партијата.

Фото: Фејсбук/Богоев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија: Резерва за финансиското работење на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Редакција

Црногорскиот министер за надворешни: За транзитот на Груевски низ Црна Гора ги известивме македонските власти, немавме правна основа да го задржиме

Редакција

Со хебла некој се обидел да ја оштети таблата за струја во модуларната болница во Прилеп

Редакција