еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Стинг ќе настапи во Сараево, во организација на Авалон продукција

Авалон Продукција го најавува својот прв календарски проект во 2022 година.

„Стинг- артист од А листата на светски музички изведувачи, ќе одржи концерт во Сараево во олимписката сала „Зетра“, на 19-ти март (сабота) во 20 часот.

Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината од познатите причини, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“, кој излегува на 19-ти ноември,“ соопштуваат од Авалон.

Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997-ма на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан на сите времиња досега во Босна и Херцеговина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12-ти ноември во 09 часот наутро преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.

Авалон Продукција сама го букираше и сама е организатор на овој врвен настан во Сараево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема доказ дека притворените лица го убиле докторот Ацо Трпковски, велат од Обвинителство

Редакција

(Фото) Нијагарините водопади во боите на македонското знаме

Редакција

Уставниот суд пресече: Нема пари за вработените во СЈО

Редакција