еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 15%

Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.

“За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади денари.

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.888.986 илјади денари и се зголемени за 3 проценти, во однос на истиот период од минатата година, што е резултат на зголеменото кредитно портфолио и намалените расходи за камата поради надолниот тренд на каматните стапки.

Нето-приходите од провизии и надомест изнесуваат 391.733 илјади денари и се зголемени за 11 проценти во однос на првото полугодие од 2020 година, како резултат на зголемениот обем на активности, пред сè во делот на платниот промет.

Нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 28 проценти во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 61.073 илјади денари, како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар.

Другите приходи од дејноста забележаа зголемување од 39 проценти и изнесуваат 189.887 илјади денари.

Оперативните трошоци (трошоци за вработени, амортизација и други расходи) во првиот квартал од годината изнесуваат 881.922 илјади денари и се незначително зголемени за 1 процент во однос на минатата година, најмногу поради зголемените трошоци предизвикани од примената на мерките поради пандемијата на Ковид-19.

Во анализираниот период, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 443.383 илјади денари, која е речиси на исто ниво со истиот период од претходната година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За плата и надоместоци на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани исплатени 28,5 милиони денари

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски Макпромет во првото полугодие со добивка

Редакција

Кои пет компании потпишаа договор со МЕПСО за инвестиции во преносната мрежа

Редакција

Ковид-19 ја „зарази“ групата „Фершпед“: Загуба во првото полугодие од годинава

Редакција