еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 37,7%

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 2.589.629.000 денари, што преставува зголемување за 37,7% споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Зголемениот резултат пред исправка на вредност се должи на успешното редовно работење, пред се на зголемените нето приходи/(расходи) од камата како и нето приходи/(расходи) од провизии и надоместоци.

Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност.

За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој се реалзираше во текот на март 2018 година по што се изврши и ослободување на извршената исправка во 2017 година“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Редакција

Никој не се пријавил на огласот за приватни превозници, Арсовска вели оти се можело и без нив

Редакција

Сите детали: За колку ќе поевтини роамингот со земјите од регионот

Редакција