еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Strongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од Пивара Скопје

Пивара Скопје на пазарот лансираше нова категорија пијалаци – САЈДЕР. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот.

Пивара Скопје лансира два сајдер брендa од портфолиото на Heineken: Strongbow, водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, како и брендот Apple Bandit, кој е исклучително популарен ширум Европа, а особено во земјите од нашиот регион.

„Следејќи ги пазарните трендови, како и преференците и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, Пивара Скопје одново ја проширува својата понуда, воведувајќи нова категорија пијалаци на пазарот.

Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда – Strongbow и Apple Bandit.

На ваков начин, како компанија ја исполнуваме нашата основна мисија, преку постојани иновации да им овозможиме на консументите најразновидна и најширока понуда на квалитетни производи“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Сајдерот е оригинален, автентичен пијалак што се добива со ферментација на јаболки, како природна состојка. Се карактеризира со лесен, сладок до слатко-киселкаст вкус. Токму поради тоа сајдерот нуди природно освежување кое дополнително е засилено со ниската газираност.

Благодарение на природните овошни ароми кои можат да се користат во текот на процесот на производство, на пазарот може да се најдат и сајдер пијалаци со различни вкусови.

Па така, покрај Apple Bandit и Strongbow со вкус на јаболко, на домашниот пазар Пивара Скопје пласираше и Strongbow сајдер со природен вкус на шумско овошје. Овие сајдер пијалаци содржат по 4,5% алкохол.

„Поради своите уникатни карактеристики, природните состојки, овошниот вкус и чувството на свежина, како и ниското ниво на алкохол, веруваме дека новите сајдер пијалаци што ги лансираме на пазарот ќе бидат одлично прифатени од најширок круг консументи и ќе бидат одлична алтернатива на постоечките жестоки и останати видови алкохолни пијалаци.

Новите сајдер пијалаци можат да се консумираат во различни прилики, како што се дружењата после работа, и да се комбинираат со различни видови храна, апетисани и десерти, што секако ја зголемува нивната атрактивност и популарност кај голем број потрошувачи“, објаснува Диана Симон – Брунс, маркетинг менаџерка во Пивара Скопје.

Вработените и соработниците на Пивара Скопје беа меѓу првите кои имаа можност да ги пробаат и да се уверат во автентичниот, природен и освежувачки вкус на новите сајдер брендови, по што тие стануваат достапни за сите потрошувачи.

Apple Bandit и Strongbow, во неповратна стаклена амбалажа од 0,33л., веќе можат да се купат во угостителските и малопродажните објекти ширум земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени нови 70 заболени од корона вирусот, најмногу од Скопје, Свети Николе и Гостивар

Редакција

(Видео) Еко-возилата на велешки „Брако“ во холивудски хит-филмови

Редакција

Над 1.000 рецепти за хронична терапија препишале матичните лекари, наместо специјалисти

Редакција