еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по заболување со коронавирусот, отколку од вакцината против него

Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од Ковид-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научници.

Тие велат дека ризикот од појава на ретка церерална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирусот, отколку по примањето на некоја од постоечките вакцини против Ковид-19.

Истражувачкиот тим од Оксфорд, кој потенцира дека студијата е работена независно од тимот што ја разви вакцината АстраЗенека, соопшти дека ги споредиле податоците со Европската агенција за лекови, според кои пет лица на милион добиле ЦВСТ по вакцината АстраЗенека.

– Ризикот од појава ЦВСТ по Ковид-19 се чини дека е значително поголем отколку што беше по примањето на вакцината Оксфорд/АстраЗенека, изјави пред новинарите Максим Такет од Оксфорд.

Такет рече дека стапката на смртност од ЦВСТ е околу 20 проценти без разлика дали се случила по инфекција со коронавирусот или добиена вакцина, што укажува на тоа дека згрутчувањето е главен фактор на ризик.

Истражувачите истакнаа дека Ковид-19 е повеќе поврзан со мозочен удар, отколку со ЦВСТ и дека сегашната дебата за вакцините ја испуштила од вид можноста за појава на потешка форма на болеста.

– Важноста на ова откритие е дека се враќа на фактот дека ова е навистина страшна болест, со цела низа појави, вклучително и зголемен ризик од ЦВСТ, рече Џон Гедес, директор на истражувачкиот центар НИХР.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Како Гоце Делчев „исчезна“ од химната на Северна Македонија“: Тамара и македонската химна топ тема во регионов

Редакција

Државниот завод за ревизија вработува четири лица, плата до 48.000 денари

Редакција

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ пристигна на Клиниката за детски болести, терапија ќе примат седум возрасни пациенти и едно дете

Редакција